„Штедливата четворка“ против планот за закрепнување на економијата на Меркел и Макрон

Четири држави од ЕУ, кои се нарекуваат „Штедлива четворка” денеска го претставија својот предлог за закрепнување на економијата по коронавирусот и повторно ги отфрлија сите заеднички инструменти за регулирање долгови.

Групата, во која членуваат Австрија, Холандија, Данска и Шведска, бара итна помош за сериозно погодените земји во форма на еднократни заеми, кои мора да бидат договорени во рок од две години, се наведува во предлогот објавен од канцеларијата на австрискиот канцелар Себастијан Курц.

Покрај тоа, заемот треба биде „насочен на активности што придонесуваат најмногу за закрепнување, како што се истражување и иновации, зголемена одржливост во здравствениот сектор и обезбедување зелена транзиција”, се вели во предлогот.

Претходно оваа недела, францускиот претседател Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел предложија фонд од 500 милијарди евра за заживување на уништената економија во Европа поради пандемијата на Ковид-19.

Прочитајте и...  „Спејс икс“ успешно ја лансираше ракетата „Фалкон 9″ (ВИДЕО)

Фактот дека Германија потпиша заеднички план за долг се смета за историска пресвртна точка за Европската унија.

Но, таканаречената „Штедлива четворка” продолжува да инсистира на тоа дека не треба да има „реципроцитет на долг” – процес за кој велат тие ќе им овозможи на помалку дисциплинирани и послаби економии на ЕУ да имаат неоправдано корист од поевтиното финансирање. на грбот на своите партнери од посилниот север на Европската унија.

Во предлогот  се вели дека поддршката за економско закрепнување мора да биде придружена со „силна посветеност на реформите и фискална рамка” – клучна обврска за земјите приматели.

Четирите земји, исто така, велат дека ќе биде неопходно да се „заштитат трошоците од измама” преку тесно вклучување на европските обвинители и антикорупциски службеници.

Прочитајте и...  Општина Центар креира протокол за прием на првачиња за учебната 2020/2021

Предлогот ја отфрла можноста за какво било „значително зголемување” во буџетот на ЕУ, како што е предвидено во планот на Макрон-Меркел за финансирање на програмата за обновување.

Прочитај повеќе

Италија предупредува: ЕУ ќе се распадне доколку Италијанците ги смета за лепрозни

Слободен печат

ЕУ до САД: Преиспитајте ја одлуката за повлекувње од СЗО

Слободен печат

Ова е новиот лик на Клиничкиот центар во Скопје (ФОТО)

Слободен печат

Забава во Шпанија скапо го чини белгискиот принц, се заразил во ковид-19

Слободен печат

Папата отвора летен камп за децата на вработените во Ватикан

Слободен печат

Талибанците не мируваат: Бомбашки напад врз ТВ екипа!

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

„Спејс икс“ успешно ја лансираше ракетата „Фалкон 9″ (ВИДЕО)

Слободен печат

Запознал девојка на „Тиндер“, ја довел дома и брутално ја убил, потоа сам повикал полиција (ВИДЕО)

Слободен печат

Во Италија 111 смртни случаи од коронавирусот, 416 новозаразени

Слободен печат

Драма на небото над Индија: Авион вратен во Москва, пилот бил позитивен на корона

Слободен печат

Афера „респиратори“: Обвинителството на БиХ бара притвор за премиерот Фадил Новалиќ

Слободен печат

Трамп ги предупреди демонстрантите: Соберете се пред Белата Куќа, но ќе ве пречекаат најжестоките кучиња

Слободен печат