Шпанската влада го отвара патот за враќање на прогонетиот Пучдемон

Карлес Пучдемон
Карлес Пучдемон / Фото: EPA-EFE/JULIEN WARNAND

Владејачката шпанска Социјалистичка работничка партија (ПСОЕ) на премиерот Педро Санчез и каталонската сепаратистичка формација „Заедно за слободата“ (ЈхКат) се договорија некои конкретни терористички дела да бидат вметнати во идниот Закон за амнестија, пишува Еурактив, со оценката дека со ваквото решение се отвора патот поранешниот каталонски претседател, Карлес Пучдемон, да се врати во Шпанија.

Вклучувањето на овие акти во амнестијата беше барање на ЈхКат да продолжи да ја поддржува коалициската влада на Санчез.

-ПСОЕ на премиерот Педро Санчез и каталонската сепаратистичка група Заедно за слободни (JxCat) се согласија некои конкретни терористички дела да бидат дел од идниот закон за амнестија, отворајќи го патот за поранешниот прогонет каталонски претседател Карлес Пучдемон да се врати во Шпанија, изјави Мигел Тељадо, портпарол на опозициската Народна партија.

Пучдемон во 2017 година побегна во Белгија под закана дека ќе биде уапсен поради бунт, по неуспешниот референдум за независност на Каталонија, што беше организиран истата година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот