Шпанската полиција заплени седум тони хашиш

Фото: EPA-EFE/WAEL HAMZEH

Шпанската полиција соопшти дека во акција спроведена во јужниот дел на земјата се запленети седум тони хашиш на реморкер, каде биле скриени 200 пакети дрога.

Уапсени се тројца членови на банда, чие седиште се наоѓало во градот Уелви.

Шпанската, холандската и франциската полиција од март минатата година учествуваат во истрагата за бандата која шверцувала огромно количество хашиш во повеќе земји.

Тоа е една од најголемите операции оваа година против трговците со дрога, со која е намалена активноста на криминалните организации во Гибралтарскиот мореуз, наведува шпанската полиција

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот