Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5

Шпанија нема да го зголеми буџетот за одбрана
Шпанија нема да ги зголеми воените трошоци од 2,1 на 5 проценти од БДП, сопошти шпанскиот министер за транспорт и одржлива мобилност, Оскар Пуенте.
Препорачано
– Шпанија е земја која ги исполнува своите меѓународни обврски и одговорности во рамките на НАТО. Втората работа е што ние не сме земја подготвена да инвестира пет проценти во одбраната – рече Пуенте, откако американскиот претседател Доналд Трамп предложи исклучување на Шпанија од НАТО поради одбивање да се обврзе на повисоки трошоци, пренесуваат медиумите.
Тој истакна дека Повелбата на НАТО е јасна, како и условите за исклучување на земја од алијансата, пренесува шпанската новинска агенција ЕФЕ.
– Трамп не го проучил ова, не го прочитал и едноставно не знае – нагласи Пуенте.
Ветувањето за зголемување на воените трошоци на пет проценти од БДП до 2035 година беше вклучено во декларацијата од самитот на НАТО во Хаг и покрај противењето на Шпанија.
Во јуни, шпанскиот премиер Педро Санчез објави договор со НАТО што ќе му овозможи на Мадрид да не издвојува пет проценти, туку наместо тоа да троши 2,1 процент за одбрана почнувајќи од 2025 година.
Тој постојано повторуваше дека 2,1 процент е доволно за Мадрид да ги исполни своите обврски кон НАТО.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
12мин
-
17мин
-
43мин
-
46мин
-
1час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5