Шпан: Патувањата во ЕУ ќе бидат можни и без потврда за вакцинација

Јенс Шпан
Јенс Шпан/Фото: EPA-EFE/CHRISTIAN MARQUARDT / POOL

 Германскиот министер за здравство Јенс Шпан смета дека летниот одмор во рамките на Европската унија ќе биде можен и без потврда за вакцинација со негативен тест за коронавирус, пренесуваат германските медиуми.

– Во рамките на Европската унија, патувањата, најверојатно, повеќе нема да зависат од вакцинацијата. И со помош на тестирање ќе биде можно да се движите низ Европа, изјави министерот Шпан за „Рајнише пост”.

Тој рече дека нема да патува во остатокот од светот.

– Во оваа последна фаза од пандемијата, ќе отстапам од патувања во оддалечените делови на светот. Накратко речено: Северно Море наместо Тихиот Океан”, рече Шпан.

Бундестагот, по Долниот дом на германскиот Парламент, вчера ја одобри владината уредба со која на вакцинираните против коронавирусот им се дозволува одредено ослободување од мерките против пандемијата.

Според уредбата, која треба да стапи на сила утре, лицата кои биле целосно вакцинирани, како и луѓето кои го преживеале коронавирусот, се изземени од обврската за строго ограничување на личниот контакт, забрана за движење во текот на ноќта, како и од обврската за приложување негативен тест.

Вакцинираните исто така ќе бидат ослободени од досега задолжителниот карантин по враќањето од странство. Исклучок се повратниците од таканаречените области каде што има и други соеви на вирусот, како Индија, Бразил или Јужна Африка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот