Шојгу објасни што ќе се случи ако настане ГОЛЕМА ВОЈНА: Американци, ќе ве УНИШТИМЕ (ВИДЕО)

Фото: Профимедиа

Русија не троши на воениот буџет колку што троши САД, но заради тоа може да ја уништи нивната флота на носачи на авиони.

Тоа го порачал Сергеј Шојгу, рускиот министер за одбрана.

Безбедност

Според последните објавени податоци, дури пет земји трошат повеќе пари на одбрана од Русија. Тоа се САД, Кина, Саудиска Арабија, Индија и Франција. Меѓутоа, човекот задолжен за безбедност на земјата смета дека тоа не е важно.

– Американците трошат огромна количина на пари на приватни воени договори, на носачи на авиони. Дали на Русија и се потребни пет или десет групи на носачи на авиони со обѕир на тоа дека немаме намера да нападнеме никого? На нас ни се потребни средства за да ги уништиме групите на носачи на авиони ако не нападнат. Тие се многу поевтини и многу поефикасни, рекол Шојгу.

 

Првиот човек на руската војска го критикувал Вашингтон заради честите интервенции во странство.

– Во кои држави кои ги нападнале за во нив да донесат демократија, демократијата процвета? Дали се тоа Ирак, Авганистан или Сирија? Може да се заборави независноста после американското плеткање – додал Шојгу.

Фото: Профимедиа

Уништување на државите

Америка, додал тој, не губи апетит за „уништување на држави, без обѕир на тоа дали се работи за воени интервенции или на некој друг начин“.

Фото: Профимедиа

– Нашите западни колеги сакаат да ја обвинуваат Русија за водење на хибридна војна. Меѓутоа, тврдам дека Западот спроведува хибридна војна. САД сега ќе го напуштат Авганистан во рушевини, додека истовремено пробуваат да направат проблеми во Венецуела, се во име на триумфот на демократијата, секако – рекол рускиот министер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот