Шилегов: Цената за парно греење во северниот дел на Скопје ќе се намали до 30%

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, во интервју за „360 Степени“ зборуваше новото претпријатие „Градски енергетски системи“ АД Скопје, формирано од градот Скопје, коешто сака да го преземе топловодната мрежа за градско парно.

– Правиме веројатно револуција во Скопје после 30 или 40 години, затоа што преку Градски енергетски системи, веќе сме во постапка пред Регулаторната комисија за лиценцирање со цел да ја преземеме ние како град Скопје, топловодната мрежа којашто е сериозно неразвиена, односно 23% од нашиот град се покриени со топловодна мрежа, а убедливо најевтино и најеколошко решение за затоплување на домовите е централното греење. Тоа беше целосно уништено во изминатите 30 години, дури бевме сведоци дека беше дадено во јавно-приватно партнерство, и тоа најздравиот дел од мрежата којшто сега го контролира и управува Балкан Енерџи Груп, којшто па нема интерес да ја развие мрежата, туку си прави „кост-бенефит“ на последниот број на корисници. Во северниот дел, топлана Север што би требало да ги опслужи Топанско, Скопје Север, Чаир, коишто се надвор од систем, во моментов има 776 корисници. Идејата на спојувањето е да ја споите топлинската енергија, и топлана Север да може да произведе топлина за краен корисник во Карпош 4. Кога ќе ги измешате енергиите коишто ги произведуваат топланите во Скопје, тогаш цената на парното греење во северниот дел ќе се намали за 20 до 30% колку што е сега поскапа, и затоа е неатрактивна за луѓето. Ние со еден цевковод од околу 2 километри, ќе овозможиме на луѓето, а ќе се сложиме, не се малце, зборуваме за преку 100 илјади жители во овој дел на градот, најмалку 40 до 50 илјади домови, да дојдат до многу поевтин и поеколошки енергенс – рече Шилегов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот