Шифрин го започнува нападот на рекордите на Вон и на Стенмарк

EPA-EFE/URS FLUEELER

Американката досега во кариерата има 74 победи, а в сабота во Зелден ќе се обиде да додаде уште една на стартот на сезоната во која ги напаѓа рекордите на Линдзи Вон, која има 82 победи и Ингемар Стенмарк со 86 победи во Светскиот куп

Американката Михаела Шифрин (27) ќе влезе во претстојната сезона на Светскиот куп во обид да ги собори рекордите во број на победи во кариерата на Линдзи Вон и Ингемар Стенмарк. Сезоната започнува в сабота во Зелден, Австрија со женскиот велеслалом а еден ден потоа е машкиот велеслалом.

Шифрин се надева дека ќе додаде уште една на нејзините 74 победи во кариерата во Австрија и ќе направи чекор поблиску за да ги надмине Вон (82 победи во кариерата во СК) и Стенмарк (86).

Вон го држи рекордот за најмногу победи во кариерата за жена, додека вкупниот број на Стенмарк е највисок меѓу сите алпски скијачи.

Шифрин никогаш не остварила помалку од три победи во ниедна од нејзините претходни 10 сезони, а имаше дури 17 победи во сезоната 2018/19. Секоја нова победа на Американката сезонава дополнително ќе го привлече вниманието на овие два рекорди.

Шифрин има четири севкупни титули во Светскиот куп, два олимписки златни медали и шест светски првенства зад нејзиното име и признава дека би било неверојатно достигнување да ги собори тие рекорди.

– Би било огромно достигнување во мојата кариера, бидејќи тоа би значело дека постојано бев на врвот во текот на целата моја кариера, но и во споредба со повеќе генерации спортисти и покрај повредите и покрај некои многу трауматични искуства – вели Американката.

Шифрин тргнува во новата сезона со цел да го надмине фрустрирачкиот настап на ЗОИ во Пекинг. Таа таму не успеа да освои медал на ниеден од нејзините пет поединечни дисциплини на Зимските олимписки игри и не можеше да ги заврши возењата на три од нив.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот