Барбара Шет: Отворен патот на Ѓоковиќ да биде најдобар тенисер на сите времиња

Новак Ѓоковиќ, еден од најдобрите светски тенисери/фото: EPA-EFE/TOLGA AKMEN

И натаму не е познато дали Новак Ѓоковиќ ќе настапи на грен слем турнирот „УС Опен“ кој ќе се одржи од 29 август до 11 септември 2022 година.

Сè уште нема никакви најави дали ќе бидат променети правилата за влез во САД за невакцинираните против ковид-19.

И покрај сите потешкотии, тениската аналитичарка Барбара Шет за „Еуроспорт“ изјави дека српскиот ас ќе игра уште многу години.

– Мислам дека сега тренира како да ќе игра на УС Опен. Ако ја има таа промена во последен момент, ќе биде таму, ако не, животот продолжува. Мислам дека Новак ќе игра уште многу години, барем така изгледа. Телото му е добро, нема многу повреди, ќе даде апсолутно сè за да влезе во историјата како човек со најмногу грен слем титули – вели Шет.

Таа смета дека доколку го служи здравјето, тоа ќе биде предност за Новак во таа позната трка за титулата најдобар играч на сите времиња.

– Новак не е толку далеку од целта. Потребна му е само уште една титула за да се израмни со Надал. Ако сега ги споредите Новак и Рафа, би рекол дека Новак може да игра уште најмалку две, три години, можеби и подолго. Што се однесува до Надал, се чини дека неговиот часовник отчукува, дека крајот е близу – се зборовите на Шет.

Се зголемуваат ли шансите на Ѓоковиќ да настапи на „УС Опен“?!

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот