Шеста рунда, нема заразени во Премиер лигата

twitter/Forbes

Беа тестирани 1.195 играчи, членови на стручните штабови и вработени во клубот, никој од нив не беше позитивен.

Официјално после шестата рунда на тестирања на коронавирус, нема нови случаи на заразени во Премиер лигата.

Нов круг на тестирања, шести откако играчите започнаа со тренинзи, се реализираше на 4 и 5 јуни.

Резултатите пристигнаа во саботата и Премиерлигата потврди дека нема нови случаи на заразени во најсилното англиско првенство.

Беа тестирани 1.195 играчи, членови на стручните штабови и вработени во клубот, никој од нив не беше позитивен.

Тестирања на коронавирус во Премиер лигата –
1. рунда (17-18 мај) 748 тестирани, шест позитивни од три клубови
2. рунда (19-22 мај) 996 тестирани, двајца позитивни од два клубови
3. рунда (25-26 мај) 1008 тестирани, четири позитивни од два клубови
4. рунда (28-29 мај) 1130 тестирани, без позитивни случаи
5. рунда (1-2 јуни) 1197 тестирани, еден позитивен

Според најавите оваа сезона во Премиер лигата продолжува на 17 јуни, кога ќе се играат два претходно одложени натпревари. Мечевите од 29 коло ќе бидат на програмата од 19 до 21 јуни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот