Шест чудни знаци кои ве издаваат дека штотуку сте имале секс: Еден посебно ќе ве изненади

Фото: Yan Krukau / Pexels

Да, добро прочитавте, дури и ако сакате да го сокриете тоа или мислите дека никој нема да знае, постојат знаци кои откриваат дека неодамна сте имале секс.

Сексот и оргазмот имаат директно влијание на нашиот изглед, расположение и психа.

Кои се знаците што покажуваат дека сте имале сексуален однос?

Вашата насмевка

Еден од најлесните знаци за откривање на неодамнешна сексуална активност. Доколку некој се смее без причина во текот на денот, може да претпоставите дека нешто добро се случило во неговиот/нејзиниот сексуален живот. Сериозно, никој не е толку среќен без некој вид среќен завршеток.

Добро расположение

Во случај да не сте знаеле, сексот го крева расположението. Според студија од Универзитет во Колорадо, колку повеќе сексуална активност, толку сте посреќни. Истражувачите прашале повеќе од 15.000 луѓе и откриле дека луѓето коишто имале секс 2-3 пати неделно, се 55 отсто посреќни од оние коишто поминуваат низ „сув“ период.

Неодолив шарм

Доколку жената ужива во честите сексуални односи, нејзиното тело ослободува феромони. Феромоните се хемикалии, невидливи со голо око кои се наоѓаат во кожата и косата и поттикнуваат сексуална привлечност којашто ја чувствуваме кон другите. Двете главни работи што се случуваат во текот на сексот се напнатоста на мускулите и зголемениот проток на крвта низ телото.

Блескава кожа и румени образи

Постои научна причина зошто имаме црвени образи по сексот или подобра циркулација на крвта. Тој неодолив сјај на вашето лице е, всушност, резултат на зголемениот проток на крвта. Исто така, сексот може да помогне во борбата против воспаленијата во телото. Практично, тоа значи дека може да ви помогне да ги намалите акните, брчките и сè друго што се појавува на вашата кожа.

Подобар сон

Жените кои доживуваат оргазам имаат зголемен хормон пролактин за 30 отсто. Но, што значи тоа? Пролактинот е хормон којшто помага во квалитетот на спиењето и одморот на нашето тело. Доколку уживате во сонот, тогаш тоа е најверојатно поради сексуалната активност.

Лесен од

Верувале или не, оргазмот кај жените влијае на нивниот од! Истражувачите од Универзитетот Луван анализирале видеа од жени како одат по улица и успеале да заклучат кои од нив имале редовни оргазми, а кои не. Жените кои често имаат сексуални односи и редовно доживуваат оргазам имаат подолг чекор и подвижна карлица поради подобриот проток на крвта низ мускулите во тој дел од телото. Истражувачите тврдат дека жените кои често доживуваат оргазам, додека чекорат, ги нишаат колковите и имаат полесен чекор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот