ШЕСТ ЧАСА ВО ПРИТВОР: Екипата на Радио Белград приведена во Јужна Митровица

Фото : Архива - косовски безбедносни сили

Екипата на првата програма на Радио Белград денеска била приведена во косовската полиција во јужниот дел нд Косовска Митровица, каде биле задржана шест часа во притвор, а причината за приведувањето не е позната, пренесува РТС.

Српските медиуми пишуваат дека полицијата запрела и детално извршила претрес на возило на РТС.

Машкиот дел од тимот бил претресен како криминалци, со рацете на автомобилот и раширени нозе.
Покрај тоа, според овој извор, целиот тим бил одведен во станицата во Јужна Митровица на сослушување, каде им биле одземени и мобилните телефони.

По шест часа тие биле пуштени на слободна, со напомена дека треба да се вратат во северна Косовкса Митровица, бидејќи не е безбедно да се движат кон Грачаница, каде тие првобитно се движеле.

Во станицата на полицијата односнот кон тимот на Радио Белград не бил коректен, јавува РТС.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот