Шекеринска на средба со својот италијански колега Лоренцо Гуерини во Рим

Радмила Шекеринска
Радмила Шекеринска / Фото: МИА

На покана на италијанскиот министер за одбрана Лоренцо Гуерини, министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, од денеска престојува во работна посета на Република Италија.

Како што се наведува во соопштението од Министерството за одбрана, попладнево министерката Шекеринска ќе има средба со министерот Лоренцо Гуерини, а во текот на работната посета ќе има средби во Министерството за надворешни работи и Сенатот на Република Италија.

Во рамките на посетата, министерката Шекеринска во Одбранбениот колеџ на НАТО во Рим, ќе има обраќање на тема „Искуствата од првата годишнина од членството на Северна Македонија во НАТО”.

Северна Македонија и Италија во областа на одбраната соработуваат од 1997 година и тоа во областа на цивилно – воената соработка, логистиката, военото воздухопловство, обуките и школувањата. Досега, на дел од обуките и школувањата во Италија биле питомци на Воената академија, како и офицери од Армијата на Република Северна Македонија. Двете земји соработуваат и на регионално ниво, во рамките на СЕДМ иницијативата, а интензивна е и соработката во рамките на меѓународните мисии – во италијанскиот контингент во УНИФИЛ во Либан, како и во силите КФОР на Косово, предводени од италијанскиот генерал Франко Федеричи, каде македонската армија учествува со 44 армиски припадници, се посочува во соопштението од Министерството за одбрана.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот