Шекеринска му одговори на Хојт Ји: Одиме против ветрот

„Ние сме тие кои одиме против ветрот“, рече министерката за одбрана Радмина Шекериниска, одговарајќи на новинарско прашање околу изјавата на поранешниот заменик на помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Брајан Хојт Ји, кој оцени дека западниот Балкан само се преправа дека спроведува реформи, а ЕУ се однесува како тие да се спроведени. Шекеринска во својата изјава се повика на извештајот на ОБСЕ за спроведувањето на изборите и на извештајот за слободата на медиумите.

-Според кажувањето на најголем број од градови во ЕУ ние сме тие кои одиме наспроти ветрот. Во една ситуација во која има сериозни проблеми и во некои делови и уназадувања на Западен Балкан ние се споменуваме како пример кој е спротивен на тоа. Кај на резултатите се гледаат и има политичка волја – рече Шекеринска.

Поранешниот заменик на помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија Брајан Хојт Ји изјави дека проширувањето на ЕУ до 2025 година не е реално и штетно е што Западниот Балкан се преправа дека спроведува реформи, а ЕУ дека тие се спроведени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот