Шаќири вели дека Швајцарија многу ни помага на патот кон поквалитетно дуално образование

Фото: МОН

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири денеска имаше средба со заменик-амбасадорот на Швајцарија, Лусиен Аегертер, на која разговараа за унапредување на заедничките активности поврзани со средното стручно образование.

Ккао што информира МОН, министерот Шаќири истакна дека поддршката од Швајцарија за реформите на системот за развој на стручни вештини продолжува и ја остварува целта да се школува кадар со вештини и компетенции кои им овозможуваат брзо вклучување на пазарот на трудот.

-Со подигнувањето на квалитетот на средното стручно образование расте и интересот кај младите за концептот на учење преку работа, што се гледа и преку континуираниот раст на бројот запишани осмоодделенци во стручните, посебно во дуалните паралелки, рече Шаќири.

Заменик-амбасадорот Аегертер, соопштува МОН, изрази задоволство што и во Северна Македонија успешно се реализира швајцарскиот систем на стручно образование што докажано создава квалитетен кадар.

-Оваа учебна година дуално образование се реализира во 225 паралелки со 2763 ученици, во соработка со 450 компании. Во Конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2023/2024 година предвидени се 259 дуални паралелки со вкупно 6475 ученички места, во соработка со над 500 компании. За учениците запишани во дуално образование се исплаќаат стипендии во месечен износ од 3.500 денари за девет месеци во годината, информира Министерство за образование и наука.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот