Шаќири: Северна Македонија ќе биде лидер во регионот во областа на дигитализацијата

Фото: МИОА

Со Националната стратегија за ИКТ 2021 – 2025 година, Северна Македонија ќе биде лидер во регионот во областа на дигитализацијата. Дигиталната иднина на земјата е неспорна, рече меѓу другото во неговиот говор министерот за информатичко општество и администрација (MИOA), Јетон Шаќири на презентацијата на отворената јавна расправа за нацртот на Националната стратегија за ИКТ 2021-2025 и придружниот Акциски план.

„Дебатата беше исклучително конструктивна и плодна. Учесниците ги искажаа своите коментари и предлози за нацртот на Националната стратегија за ИКТ 2021-2025 и придружниот Акциски план и истата ќе биде разгледана и земена во предвид, со цел да се постигне бараниот и потребниот резултат“, информират од МИОА.

-Владата на РСМ, преку МИОА, е цврсто решена во своите заложби да ги користи предностите на ИКТ индустријата и да создаде напредно информатичко општество, и со тоа да ја зголеми продуктивноста, ефикасноста и иновациите во јавниот и приватниот сектор- рече Шаќири за време на неговиот говор.

Националната стратегија за ИКТ 2021 – 2025 се состои од 6 столба: поврзливост и владина инфраструктура, централизација и рационализирање на ИКТ и услугите на е-влада, унапредување на дигиталните вештини на граѓаните, работната сила и професионалците, истражување, развој и иновации, заштита на податоци, дигитални услуги (инспирирани од заштита на животната средина).

Меѓу другите, министерот Шаќири ги наведе приоритетите во врска со зајакнувањето на дигиталната инфраструктура на Владата: Основање на Дигиталната Агенција, воспоставување на Заеднички владин податочен центар, изградба на Националната транспортна оптичка мрежа.

“Реализацијата на овие проекти ќе има значителна улога во намалување на дигиталниот јаз кој постои помеѓу нашата земја и земјите членки на ЕУ и забрзување на дигиталната трансформација”, го заврши својот говор министерот Јетон Шаќири.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот