Шахпаска за состојбата во градинките: Стабилно е, се бара можност за зголемување на капацитетите во јасли

Министерката за труд и социјална политика (МТСП), Јагода Шахпаска денеска истакна дека состојбата во градинките е стабилна и дека се следи на дневно ниво. Последниот извештај покажал дека има само 20 позитивни случаи на ковид-19 меѓу воспитувачите, негувателите и другите вработени, но не и на позитивни деца. Поради ваквите состојби, некои од градинките побарале зголемување на бројот на деца што можат да се згрижат особено во групите јасли за деца од 0 до 2 години, но за такво нешто, како што рече министерката ќе треба да одлучи Комисијата за заразни болести.

– Ние како дел од кризниот штаб секој понеделник поднесуваме извештај до владиниот кризен штаб во врска со состојбата за позитивни на коронавирус, како воспитувачи и негуватели така и за број на дечиња. Последниот извештај говори дека пандемијата е сведена на минумим што се однесува на објектите за сместување на деца во предучилишна возраст, односно во градинките и во дневните центри. Поледната бројка беше дека има 20 позитивни воспитувачи односно вработени, а немаше деца позитивни на коронавирус, рече министерката.

Со оглед на тоа што пандемијата во моментот стивнува, како што информира таа, дел од градинките во земјава поднеле барање за зголемување на капацитетот, пред сè, во групите јасли, каде се згрижени деца од 0 до 2 години.

– Ние денеска писмено се обраќаме до Комисијата за заразни болести, затоа што сепак тие се најкомпетентни, го следат текот на болеста, не само на локално, регионално, туку и на светско ниво и од нив очекуваме одлука дали ќе има зголемување на опфатот на деца во групите јасли, но не и за другите, појасни Шахпаска.

Таа потенцира дека ваквата состојба во градинките упатува на констатацијата дека пандемијата не се шири внатре во нив и оти случаите кои се регистрирани се заразиле надвор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот