Шахпаска: Возрасните ќе имаат достојна старост, растат пензиите, отвораме дом за стари

Јагода Шахпаска / Фото: Министерство за труд и социјална политика

Во Кратово нудиме искуство и младост, кажа од партиската трибина членот на Централниот одбор на СДСМ, Јагода Шахпаска. Таа изрази задоволство што кандидатот за градоначалник на Кратово е млад човек кој доаѓа од ИТ-индустријата и се залага за дигитализација на општината, но воедно најавува и поддршка за најстарите, со изградба на дом за стари лица.

„Идејата за изградба на дом за стари лица потекнува од локалната самоуправа, но како централна власт ќе овозможиме нови вработувања за да се грижат за спокојна старост на нашите родители. Воедно најавуваме раст на пензиите, бидејќи пандемијата ги запре позитивните трендови, но сепак ја зголемивме минималната пензија за две илјади денари. Ќе воведеме нова методологија за раст на пензии, бидејќи градителите на ова општество треба да имаат достоинствена старост“, порача Шахпаска.

Таа потсети дека сега минималната плата е изедначена за сите работници во сите сектори и од девет илјади изнесува 15.200 денари.

„Ќе има усогласување и раст и на просечната плата. Од тогашните 22.800 денари сега просечната плата е 28.540 денари“, додаде Шахпаска.

Таа истакна и дека за четири години СДСМ изградила 60 детски градинки, а ВМРО-ДПМНЕ за единаесет години само 45.

Шахпаска нагласи и дека активистите цело време биле на терен и знаат што треба да се направи за Кратово да биде пристојна и убава туристичка дестинација.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот