Шахпаска: Во Скопскиот регион регистрирани 283 жртви на семејно насилство

Ниту еден човек, ниту една жена, не смее да биде предмет на насилство. Сите луѓе се еднакви и никој нема право да изврши насилство врз друго лице. Не постои никакво оправдување за таков чин, вели министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска.

-Денеска разговарав со жените кои во моментот се наоѓаат во еден од шелтер центрите, за нивната моментална состојба и помошта и поддршката која ја добиваат од стручните лица , но и можностите за нивно реинтегрирање во ситемот- напиша Шахпаска на својот Фејсбук профил.

Вкупниот број на ново евидентирани жртви на семејно насилство на територијата на РСМ изнесува 1168 жртви на семејно насилство за период јануари-септември 2020, а само во Скопски регион 283 жртви.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот