Шахпаска: Кравите мора да се молзат во недела за да има млеко во понеделник

За време на своето гостување во емисијата „24 анализа“, министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, по вклучување на претставникот на Сојузот на синдикатите на Македонија, се осврна за законското решение кое беше најавено, односно недела – неработен ден и наведе неколку дескриптивни примери каде што работниот процес не може да запре и во недела.

– Кравите мора да се молзат во недела, за да има млеко во понеделникот. Телекомуникациите, исто така, треба да работат и низа други. Јасно е дека треба да има надомест за работа во недела, но постојано се јавуваат дејности кои се засегнати од оваа дебата. Треба да го дефнириаме сето ова, со оглед на тоа дека треба да има ослободени од работа во недела, но има и неопходни дејности кои мораат да работат и во недела. Но, морам да напоменам дека не сакаме ова законско решение да има своја имплементација во услови на ковид пандемија, изјави Шахпаска.

Таа додаде и дека досега се направени две  драфт верзии на законот  кои се  разгледани и на седница на Економско социјален совет и со писмен допис испратена до сите засегнати страни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот