Серијата „ЧЕРНОБИЛ“ ја фалат сите освен РУСКИТЕ МЕДИУМИ

HBO

Мини серијата „Чернобил“ стана глобален хит. Сите ја фалат – критичарите, гледачите, Украинците кои на 26 април 1986 година сведочеле на трагедијата која во тоа време била дел од Советскиот Сојуз, но не и Русите кои започнаа вистинска мала војна против оваа серија.

Руската телевизиска мрежа веќе најавила дека ќе снима своја верзија на серијата „Чернобил“, која ќе биде заснована на претпоставката дека ЦИА испратила агент во Чернобил за да изврши саботажа.

Moscow Times пишува дека руските медиуми кои се поврзани со Владимир Путин ја критикувале серијата „Чернобил“ која во Русија станала национална сензација, иако е достапна само преку интернет.

Новинар од најпопуларниот руски весник тврди дека серијата „Чернобил“ не ги претставува веродостојно случувањата и дека ја карикира вистината.

„Конкурентите ја користат оваа серија за да ја извалкаат сликата на Русија како нуклеарна сила“, рекол.

Водителот на ТВ каналот Rossia 24, Станислав Натанзон, вели дека на серијата „Чернобил“ ѝ недостасуваат уште „мечки и хармоники“. Ги обвинил авторите на серијата дека лажеле дека руските власти не сакале да ја признаат својата грешка реферирајќи се на натпис на Валериој Легасов, во кој во 1987 година го критикувал управувањето со нуклеарната индустрија, а кој тогаш го објавиле водечките руски весници.

Меѓутоа водителот не кажал дека уредниците на Komsomolskaya Pravda дека написот е објавен две недели откако Легасов се самоубил.

„Фактот дека американски, а не руски телевизиски канал ја раскажа приказната за нашите херои е извор на срам за медиумите наклонети на Кремљ“, пишуваат руските медиуми.

Токму тоа е причината поради која Русите ќе направат своја телевизиска верзија на оваа приказна која ќе биде заснована на теоријата на завера.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот