Серафимов: Овој резултат нека ни биде водилка за понатаму, Италија и Англија ги имаат едни од најдобрите играчи во светот

Фудбалерите на Македонија вчера остварија одличен резултат ремизирајќи против Англија 1:1 пред полната Арена „Тодор Проески“.
По натпреварот македонските фудбалери беа добро расположени, а пред новинарите зборуваше и дефанзивецот Никола Серафимов кој на теренот беше од почетокот до крајот и успеа да се справи со едни од најдобрите напаѓачи во светот.
„Италијанците и Англичаните се едни од најдобрите играчи во светот. Денес бевме подобри во одбраната од претходниот дуел во Рим. Штета што повторно примивме гол од прекин, ни се случува по којзнае кој пат и тоа мора да го поправиме ако сакаме подобри резултати во иднина. Ова е позитивен резултат за нас против Англија и се надевам дека овој меч ќе ни биде водилка за понатаму. Имавме доста тешка група, игравме против светски велесили како Италија и Англија, тука е и Украина која беше до крајот во игра за ЕП 2024. Жалиме за оној меч со Украина во Скопје кој го загубивме по предност од 2-0“, изјави Серафимов.
Квалификациите Македонија ги заврши со осум бода на четвртата позиција зад Англија, Италија и Украина, а пред Малта.
Саутгејт: Теренот беше тврд и не ни дозволуваше да имаме завршни додавања
ФОТОГАЛЕРИЈА: Македонија одигра храбри 1:1 против големата Англија
Мегваер: Знаевме дека ќе биде тешко, Македонија има цврст и борбен тим
Манев: Ние сме млада екипа и во процес, горд сум на моите соиграчи