СЕМЕЈНО ПАТУВАЊЕ ПРЕТВОРЕНО ВО КОШМАР: Британци случајно влегле во САД и завршиле во притвор

Фото: Профимедиа

Млад брачен пар од Англија кој бил во посета на Канада, пред десетина дена ненамерно ја минал границата и влегол на територијата на САД. Тие во обид да избегнат животно на патот, пристапиле на територијат на Америка, по што биле забележани од властите и уапсени. Оттогаш се во притвор во центарот Беркс во сојузната американска држава Пенсилванија, открија нивните адвокати.

Притворените, кои имаат мало дете, се пожалија на нехуманите услови во затворот, а според пишувањата на медиумите, бебето имало промени на кожата и можна очна инфекција поради просториите во кои престојува.

Бебето било оставено без облека и неколку часа било изложено на ниските температури во притворот, бидејќи целата нивна облека, вклучувајќи ја и онаа за бебето била однесена на перење.

Дејвид Конорс (30) и Елин Конорс (24) рекле дека не им било дозволено да ја контактираат амбасадата.

– Ќе имаме трауми до крајот на животот поради ова што ни го направија американските власти – напипшала Конорс.

Нивната адвокатка вели дека уапсените Англичани воопшто не знаеле дека ја минале границата и дека само се обидувале да се вратат во својот хотел.

Притворот Берк веќе подолго време е критикуван како „затвор за бебиња“ кој би требало да биде затворен, а создаден е за притворување на родители и деца кои во САД дошле без документи. Формално познат како Berks County Residential Center, притворот е отворен на 120 километри северозападно од Филаделфија во 2001 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот