Сега или никогаш, 300 милиони евра за Нејмар!?

Според медиумите во Франција, ПСЖ ги информирал Каталонците дека имаат една недела да ги исполнат нивните барања за трансакцијата.

Штабот на тренерот на Французите го вклучи фудбалерот на турнејата во Кина и го планира од 1 август во подготовките за почетокот на новата сезона во Лига 1.

Ако ова се случи, бразилскиот ас ќе биде отстранет од трансфер листата и сите понуди за него ќе бидат отфрлени. И за да го прекинат неговото незадоволство од неговиот евентуален престој на „Паркот на принцовите”, шефовите на клубот се подготвени значително да ја подобрат неговата плата.

Во моментов, таа е 36 милиони евра годишно или 3 милиони евра месечно. Повеќе од него зема само Лео Меси од Барселона – 41 милион сезона – и Нејмар може да се приближи ако остане во Париз.

Поради овој краен рок, се очекува каталонското раководство да ги интезивира преговорите. Нивната прва понуда од двајца играчи, плус 40 милиони евра, беше одбиена. ПСЖ сака 300 милиони евра за Нејмар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот