Сега е официјално: Фати потпиша нов договор со Барселона, откупната клаузула изнесува милијарда евра

фото: EPA-EFE/Alejandro Garcia

Младиот 18-годишен напаѓач на Барселона, Ансу Фати потпиша нов шестгодишен договор со каталонскиот тим.

Веднаш по завршувањето на натпреварот против Динамо Киев во Лигата на шампионите во кој Барселона славеше со 1:0, Фати во друштво на претседателот Жоан Лапорта стави потпис на новиот шестгодишен договор. Откупната клаузула за суперталентираниот фудбалер според новиот договор изнесува дури милијарда евра.

Фати стана вториот млад фудбалер на Барселона по Педри (18) кој потпиша нов договор и доби откупна клаузула од милијарда евра.

Со овој потег Барселона продолжи да ја обезбедува иднината и да потпишува договори со најталентираните фудбалери.

Следен кој треба да добие нов договор е 17-годишниот Гави кој неодамна стана најмладиот дебитант во историјата на шпанската репрезентација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот