Седум лица загинаа во нападот со руски дрон врз Харков, меѓу кои и три деца

ФОТО: AP

Седум лица загинаа, меѓу кои три деца, во напад на руски дрон врз бензинска пумпа во Харков, источна Украина, во саботата, изјави гувернерот на тој регион, Олех Синехубов. Синехубов на Телеграм објави дека „за жал, бројот на загинати во нападите на Харков се искачи на седум“.

Меѓу нив има три деца на седум и четири години и едно шестмесечно бебе“, напиша гувернерот.

Според градоначалникот на градот, Ихор Терехов, Русите извршиле напад со ирански беспилотни летала Shaded и погодиле бензинска пумпа која се запалила, а пожарот зафатил 14 куќи.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот