Седница на Владата, ќе се воведуваат антикорупциски теми во училишните програми – Слободен печат
ВестиМакедонија

Седница на Владата, ќе се воведуваат антикорупциски теми во училишните програми

Информација за нацрт стратегијата за одбрана на Македонија, како и предлог одлуки за испраќање на припадници на Армијата за учество во мировните операции „Одлучна поддршка”  во Авганистан и во мисијата на Европската Унија „АЛТЕА” во Босна и Херцеговина, се на дневен ред на денешната редовна седница на Владата.

– На предлог на Министерството за образование и наука на оваа седница Владата ќе биде информирана за активностите за примена на клучните мерки од поддимензијата Антикорупција од „Стратегијата за Југоисточна Европа 2020″, за најсоодветен начин за воведување на антикорупциски теми во рамки на годишната програма на училиштата, најави владината прес-служба.

На владината седница ќе биде разгледана и информацијата за одржната 15. редовна седница на Националниот совет за информациски и комуникациски технологии и сајбер безбедност и сајбер безбедност.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close