Се зачади во косовското собрание: Претседателката ги опомена пратениците да не пушат на седница

Претседателката на собранието на Косово, Вјоса Османи, ги предупреди пратениците да не пушат цигари внатре во Собранието. Во еден момент таа забележа чад и ги предупреди.

– Се гледа чад дека доаѓа од позадината на салата, го кршите Законот против пушење. Инспекторатот при Министерството за здравство ќе го проследи ова кршење и ќе ги изрече заслушените казни. Пратениците се известени за тоа, рече таа.

Пред неколку месеци, камерите го фатија пратеникот на ААК, Даут Харадинај, како пуши во салата во близина на главната сала на собранието. Тој потоа се извини, велејќи дека сите пратеници го прават тоа, пренесува „Косово онлајн“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот