Сè за Оскарот: Еве колку чини, како го добил името и дали навистина е од злато

Дали сте знаеле дека познатата статуеткаа на самиот почеток била направена од  бронза, дека е висока само 34 сантиметри и не смее да се продава без дозвола на Американската филмска академија.

Во Лос Анџелес ќе се одржи 92-та церемонија за доделување на Оскари, сите нетрпеливо очекуваат да видат оваа година на кого ќе му припадне најважната филмска награда, а ние ви откриваме како се создала познатата статуетка, колку чини нејзината изработка и кој бил вујкото Оскар, по кој легендарниот ќелавко го добил името.

Познатата статуа е создадена во 1929 година, и тоа по наредба на тогашниот шеф на студиото МГМ Луис Мејер. Иако на телевизија изгледа доста различно – висока е само 34 сантиметри и тешка е  3,85 килограми.

Наградата е поделена во повеќе категории, но Американската филмска академија секогаш во резерва има „повеќе Оскари, во случај да има повеќе добитници, особено кога станува збор за продуцентите кои добиваат Оскар за најдобар филм и обично ги има неколку.

На секоја статуетка е изгравиран сериски број како и плочка со името на сопственикот и Оскарите не можат да се продаваат, подаруваат или пренесуваат на некој ако претходно прво не се понудени на Академијата.

Оскарот кој во 1945 година го добила Џоан Крафорд бил продаден е на аукција за 68.500,00 долари, а во 2011 година, статуетката на Орсон Велс се продала за 861.000,00 долари.

На самиот почеток, малите фигури се правени од позлатена бронза, но таа постапка е отфрлена неколку години подоцна во полза на таканаречениот „британски метал, кој се обложува со бронза, потоа се обложува со сребро и со 24 каратно злато.

Поради недостигот на метали во Втората светска војна, три години биле доделувани Оскари од гипс на кои на крај им било нанесено златна боја, а по завршувањето на војната на добитниците им биле заменети со позлатени статуетки.

Во 1982 година статуеткатапочнува да ја произведува компанија од Чикаго „Р.С. Овенс и нејзината цена била 18.000,00 долари, по парче.

Веројатно не сте знаеле кој бил кум на Оскарот , легендата вели дека тоа била библиотекарката во Академијата ( а покасно и извршен директор) Маргарет Херик, која забележала дека статуетките наликуваат на нејзиниот вујко Оскар.

Академијата официјално не го усвоила тој прекар до 1939 година, но наградите така се нарекувале уште од 1934 година, кога холивудскиот новинар Сидни Сколски го употребил за победата на Кетрин Хемберн во категоријата за најдобра женска улога.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот