Сè за дијабетесната кома: Како да ги препознаете симптомите кои скоро СИГУРНО ВОДАТ ВО СМРТ

Дијабетесната кома е компликација која е опасна по животот на пациентот и доведува до губење на свеста. Таа се јавува кога нивото на шеќерот во крвта станува прениско или превисоко.

Доколку не се лекува, може да биде фатална. Пред да дојде до појава на оваа состојба, кај пациентот може да има извесни знаци и симптоми на висок или низок шеќер во крвта.

Во симптоми на хипергликимија спаѓаат: умор, сува уста, зголемена жед, често мокрење, мачнина и повраќање, многу непријатен здив од устата, отежнато дишење, болка во стомакот и забрзана работа на срцето.

Во симптоми на хипогликемија спаѓаат: мускулна слабост, треперење, зголемен апетит, потење, мачнини, недостаток на координација, анксиозност, забрзана работа на срцето и отежнат говор.

Во случај на кома предизвикана од хипергликемија треба да се направи следново:
– Интравенозно внесување течности за да се надомести загубата на вода.
– Земање суплемемнти калиум, натриум или фосфати за да се помогне во функционирање на клетките.
– Земање инсулин за да се апсорбира гликозата во крвта.

При кома предизвикана од хипогликемија треба да се направи следново:
– Земање инјекција Глукагон за да се подигне нивото на шеќер во крвта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот