Се уредува зеленилото во Карпош 4

Во општина Карпош се уредува зелениот агол меѓу улица „Љубљанска” и булевар „Партизански одреди”. На површина од 5.300 метри квадратни, се поставува нова тревна површина, украсни грмушки и растенија, со цел да се зголеми и оплемени зеленилото во овој дел од Општината.

За одржување на постоечкото и новото зеленило, ќе се постави и нов систем за наводнување. Изведбените активности за уредување на овој јавен простор се предвидува да траат 30 дена во зависност од временските услови, информираат од Општината.

Оттаму додаваат дека оваа акција за зголемување на зеленилото ја спроведува ЈП Паркови и зеленило, а е во рамки на акцијата за уредување на повеќе јавни површини на пофреквентни локации. Исто така, локалната самоуправа иницираше да бидат дислоцирани и времените објекти (трафиките) кои се наоѓаат во оваа близина.

– Во изминатиот период се постави и нов зелен појас на потегот долж булеварот „8 Септември”. Овие активности за уредување на повеќе запуштени јавни површини беа најавени на почетокот на месец април, а претставуваат и стратешка определба на Општината, во борбата за заштита на животната средина и надоместување на изгубеното зеленило, се додава во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот