Сe самоуби поранешната мисица на САД, Чесли Крист

Чесли Крист
Чесли Крист / Фото: Принтскрин/Инстаграм

Поранешната мисица на САД, Чесли Крист трагично почина на 31-годишна возраст, пренесува „Си-Ен-Ен“. Веста за нејзината смрт ја потврди и семејството.

„Во голема тага објавуваме дека нашата сакана Чесли почина. Со својата убавина и сила ги инспирираше луѓето ширум светот. Се грижеше, сакаше, се смееше и блескаше“, се вели во соопштението на нејзиното семејство за странските медиуми.

Крист, која беше крунисана за Мис на САД во 2019 година, скокнала од зграда на Менхетен, велат од полицискиот оддел на Њујорк.

Пред нејзината смрт, Чесли објави фотографија на својот инстаграм-профил.

„Нека овој ден ви донесе одмор и мир“, порача таа.

На социјалните мрежи нејзините обожаватели и пријатели во неверување и шок ѝ оддаваат последна почит…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот