Се огласи Цеца откако беше снимена како оди на преглед во болница (ФОТО)

Фото: Принтскрин

Светлана Цеца Ражнатовиќ (46) пред неколку дена во попладневните часови го посетила клиничкиот центар на Србија.

Фолк-дивата била „фатена“ од папараците, а друштво и правел нејзиниот зет Предраг со кого ја посетиле клиниката ОРЛ. Цеца цело време разговарала на телефон, а внатре се задржала нешто повеќе од половина час.

Фото: Принтскрин

Цеца во болницата била без шминка и фризура, носејќи големи очила за сонце кои и го сокриваа лицето. Веднаш по прегледот, таа се вратила во својата куќа на Дедиње.

Во желба папараците да дознаат зошто е на клиниката, Цеца само им кренала рака, давајќи им знак дека се е во ред.

– Тоа беше минатата недела. Нема паника. Имав воспаление на грлото, сега се е во ред – рекла Цеца за српски Телеграф.

Дека се е во ред, говори и тоа што таа вечерва ќе пее на една прослава, а во сабота има голем концерт во Виена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот