Се огласи Челси: Бараме разговор со Владата 

Поради санкциите наметнати на Роман Абрамович, Челси не може да функционира нормално/ фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Челниците на Челси побараа разговор со владата на Обединетото Кралство откако во денеска му беше му беа воведени санкции на Роман Абрамович и притоа му беше замрзнат целиот имот во земјата, со што беше запрен и процесот на продажба на клубот.

Поради санкциите, на Челси му е блокирана сметката, не смее да носи нови фудбалери, а единствено што може е да игра во Премиер лигата и во Лигата на шампионите.

Челси сака да ги продолжи разговорите со владата на Обединетото Кралство  поради издадената специјална лиценца. Тоа ќе вклучува и корекција на лиценцата за да може клубот нормално да функционира

„Во основа на стоотстотната сопственост на Челси и поврзаните субјекти, Челси е под истиот режим на сакнции како и господинот Роман Абрамович. Владата сепак даде општа лиценца со која на Челси му се дозволува да продолжи со одредени активности“, пишува во дел од соопштението на „сините“.

Во Челси се надеваат дека владата ќе ја промени одлуката и ќе му излезе в пресрет на клубот.

„Челси беше опфатен од санкциите кои владата ги воведе кон господинот Абрамовиќ, но притоа издаде дозвола за клубот да може да продолжи да функционира со намалени активости. Ќе ги одиграме нашите натпревари во машка и женска конкуренција против Норич и Вест Хем, а потоа ќе побараме разговор со Владата околу лиценцата. Исто така ќе бараме препорака од Владата за влијанието на овие мерки врз фондацијата на клубот, која има многу важна работа во нашата заедница“, сооошти Челси.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот