Се одложува примената на одделни одредби од Законот за минерални суровини

На предлог на Министерство за економија, Владата денеска ја донесе Уредбата за примена на одредбите од Законот за минерални суровини.

Како што соопшти владината прес-служба, причината за донесување на Уредбата е во насока на одложување на примената на одделни одредби од Законот за минерални суровини за време на траењето на вонредната состојба настаната заради епидемијата предизвикана од вирусот КОВИД-19, со цел да се создадат услови за непречено продолжување со работа по завршувањето на вонредната состојба без претходно концесионерите да имаат импликации по доделените концесии заради неможноста за исполнување на конкретни обврски од Законот за минерални суровини.

-Целта на донесувањето на Предлог – уредбата е пролонгирање на законските рокови предвидени со Законот за минерални суровини, а чие неисполнување може да биде причина за едностран раскин на доделена концесија, како и на одредби за кои обврските кои произлегуваат од истите не можат да се реализираат за време на траењето на вонредната состојба, се наведува во соопштението од Владата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот