Се очекува да се зголеми бројот на вработени во преработувачката индустрија

Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во јуни 2019 година е зголемен за 0.3 процентни поени во однос на мај 2019 година и изнесува 21.3, а во однос на јуни 2018 година е зголемен за 1.5 процентни поени.

Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во јуни 2019, во однос на мај 2019 година, е поповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се поповолни во однос на претходниот месец, а залихите на готовите производи се зголемени во однос на мај 2019 година.

Оценката за економската состојба на деловните субјекти во јуни 2019 година е поповолна во однос на претходниот месец, а поповолна е и во однос на јуни 2018 година.

Се очекува бројот на вработените да се зголеми. Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во јуни 2019 година изнесува 69.9 % од нормалното искористување. Најголемо влијание врз огрничувањето на обемот на производството имаат следните фактори: недостигот на квалификувана работна сила со 26.2 %, недоволната странска побарувачка со 15.6 %, недоволната домашна побарувачка со 14.4 % и неизвесното економско опкружување со 11.9 %.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот