Се гради ново училиште во општина Илинден

Училиште / илустрација / Фото: Слободен печат

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски извршија увид во изградбата на новото училиште во општината во склоп на училиште „Гоце Делчев“.

-Ќе направиме напори во наредната учебна година да воведеме целодневна настава и целодневен престој на нашите најмали дечиња, затоа што тоа е еден од најглавните приоритети на нашето население, нашите сограѓани, што ги ветивме во изборната кампања. Од наредната учебна година, тоа и ќе го овозможиме, рече градоначалникот Георгиевски.

Исто така, од наредната учебна година во ова основно училиште ќе се направи и сензорна соба за дечињата со попреченост што е новитет кој што досега го немало во основните училишта во општина Илинден.

-Продолжуваме со проекти, ново училиште во Илинден за целодневна настава во општината и сензорна соба за децата со попреченост, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот