СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ за 27 години не потроши ни денар за опрема, а сега креира наводни скандали

СДСМ фото архива на Слободен печат

ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со новите политики на СДСМ во Градот Скопје, со кои главниот град станува модерна, уредна, европска метропола, затоа продолжува со ширење лаги и дезинформации, одговори СДСМ со соопштение на опозициската партија на сметка на градоначалникот Петре Шилегов за набавката на противпожарната скала..

„За 27 години, колку што беа на кормилото на Град Скопје, денар не потрошија за набавка на опрема и сега соочени со набавката, креираат наводни скандали. Ништо не набавија, а потрошија милиони на споменици и лажен барок, додека градови од регионот, како Загреб сериозно вложуваа во опремување на противпожарните служби со нова современа опрема. Скопјани бргу ќе се уверат колку е зголемена безбедноста во градот и добро знаат што остави ВМРО-ДПМНЕ зад себе – запаливи фасади, лавови, жални врби и стиропор што глуми мермер. Затоа ВМРО-ДПМНЕ шест пати се казнети од граѓаните на избори и уште долго ќе останат во опозиција“, се вели во соопштението на СДСМ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот