СДСМ: Инфектологот Вело Марковски се расфрла со теории на заговор поврзани со коронавирусот

Коронавирусот за Христијан Мицкоски и за ВМРО-ДПМНЕ е опасен само тогаш кога тоа им одговара на нивните дневно-политички агенди и кога глумат загриженост за здравјето. Како и за се, така и за опасниот вирус, Христијан Мицкоски и неговата партија менуваат ставови по потреба, велат од СДСМ.

– За Мицкоски вирусот беше опасен, па поради тоа правеше притисок за предвремените парламентарни избори, глумејќи загрижен лидер, на кого му било важно здравјето на граѓаните. Од друга страна ни тој самиот не ги почитуваше здравствените протоколи, и поради него се отвораа теретани, се заклучуваа ресторани. Неговите послушници работеа директно против здравјето на граѓаните. Заменичката министерка за финансии во техничката влада Гордана Димитриевска Кочоска, го закочи проектот од Светска банка вреден 90 милиони евра, средства наменети и за кревети за интензивна нега за сите инфективни одделенија во државата, за лабораториски капацитети. Во меѓувреме, членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ инфектологот Вело Марковски, се расфрла со теории на заговор поврзани со коронавирусот, кои одат само на штета на здравјето на граѓаните- велат од владејачката партија СДСМ.

Д-р Марковски: Потребно е владино тело од 4-5 доктори кое ќе носи одлуки за да излеземе од пандемијата

Оттаму велат дека раководството на ВМРО-ДПМНЕ со организирање масовни собири за спас на фотелјата на Христијан Мицкоски, на кои масовно се прекршуваат мерките за заштита од коронавирусот, го загрозува и јавното и здравјето на своите приврзаници.

-Колку на Мицкоски му е важно здравјето на граѓаните покажува и однесувањето на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ која се обидуваше да го опструира Законот за здравствена заштита на населението од заразни болести во Собранието. Од почеток на ковид кризата во земјата, од опозицијата не видовме ништо друго освен неконструктивно делување, опструкции и критики. Христијан Мицкоски покажа дека е неспособен лидер кому партискиот интерес му е поважен од здравјето на граѓаните. Затоа ВМРО-ДПМНЕ уште долго ќе остане во опозиција- наведуваат од СДСМ.

Д-р Марковски: Борбата на големите земји за да направат вакцина сега е борба за биолошко оружје (ВИДЕО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот