Д-р Марковски: Потребно е владино тело од 4-5 доктори кое ќе носи одлуки за да излеземе од пандемијата

Фото: Фејсбук

Членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Професорот  доктор  Вело Марковски, вечерва во гостување во Дневникот на Сител телевизија, истакна дека чест му е што е дел од највисокото тело на ВМРО-ДПМНЕ, и нагласи дека се потребни вистински решенија за состојбата со пандемијата како посебно владино тело кое ќе одлучува, особено кога власта е индиферентна на пандемијата.

Во однос на избирањето како член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, професорот истакна дека задоволство е што ВМРО-ДПМНЕ ја проценила неговата стручност и помош во една ситуација на пандемија.

-Господинот Мицкоски процени и ја ценеше мојата стручност дека можам да помогнам и треба да помогнам, јас тоа го прифатив, затоа што чест е да се биде дел од највисокото тело на ВМРО-ДПМНЕ и да пробаме преку политиката да помогнеме повеќе во оваа состојба, вели професорот Марковски.

Професорот истакна исто така дека иако оваа пандемија е една војна, постои индиферентност на властите во врска со состојбата со коронавирусот, како и тоа дека бил критички настоен кон  одредени одлуки на државата во врска со коронакризата, затоа што не сметал дека доволно се пренесува науката.

– Кога сме во војна нам не ни требаат дополнителни поделби, ни требаат обединувања за да не дојдеме за неколку месеци да Владата се огради од некои мислења на Комисијата за заразни болести, потенцираше професорот Марковски.

Тој критикуваше дека во нашата земја нема сериозно тело за стравување со пандемијата.

-Комисијата е советодавно тело на министерот за здравство, а тој има неколку комисии кои му даваат совети, во овој случај тој ги прифаќа нивните мислења, но сепак таа Комисија има советодавна улога, објасни професорот Марковски.

За него како што вели најдобро решение е посебно владино тело од 4-5 доктори експерти во оваа област да носат одлуки, и само така ќе можеме да излеземе од последиците од оваа пандемија.

За новите потенцијални мерки кои денеска се најавија од страна на министерот за здравство, доктор Марковски вели дека до сега однесувањето беше како по шведскиот модел, па не гледа некоја разлика во однос на мерките кои беа претходно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот