Д-р Марковски: Борбата на големите земји за да направат вакцина сега е борба за биолошко оружје (ВИДЕО)

За него не е оправдано децата да излегуваат во паркови и да се групираат, а да не одат на училиште.

Инфектологот Д-р Вело Марковски во гостувањето во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5 Телевизија истакна дека бројките од дневните извештаи се нереални, како и дека ни е потреба навистина добра стратегија за водење на училишната настава во време на корона криза.

За него не е оправдано децата да излегуваат во паркови и да се групираат, а да не одат на училиште.

-Борбата на големите земји за да направат вакцина сега е борба за биолошко оружје, вели Марковски. Дециден е дека се што е во категоријата на вакцина која предизвикува генетска модификација е многу опасно.

исечок 2 „Само Вистина“ 27.8.2020

Дел од вечерашната #СамоВистина со д-р Вело МарковскиБорбата на големите земји за да направат вакцина сега е борба за биолошко оружје, вели Марковски. Дециден е дека се што е во категоријата на вакцина која предизвикува генетска модификација е многу опасно.

Publiée par Канал 5 Телевизија sur Jeudi 27 août 2020

-Премногу им се оддава значење на самите бројки на овие дневни извештаи бидејќи тие бројки се нереални. Имаме преземено методологија која за мене е погрешна и која ни прави многу паника и ни направи штета во однос на соседните земји, во однос на затворањето на границите. Ние правиме одреден број на тестирања некаде од 1500 до 3000 во денот со таа ПЦР технологија и добиваме одреден процент отплика некаде околу 10 посто позитивни. Меѓутоа тие позитивни некако полека се прикажуваат како заразени како болни што не е точно. Сосема поинаква ќе беше сликата ако ние кажеме денеска направивме 3000 теста од тие 300 ни се позитивни, но симптоми ни се 20 или 30. Таа е таа реална слика бидејќи голема е разликата меѓу термините инфекција и инфективна болест- вели Марковски.

Д-р Марковски вели дека со ПЦР технологијата ние зимаме брис од горнореспираторните патишта и бараме секвенци.

-Да не навлегуваме дека самиот вирус има 30.000 секвенци, а тестот може да фаќа на две или 4 секвенци. Не значи дека вирусот ќе направи болест. Постојат неколку опции со вирусите можеби вирусот случајно се нашол тука, во иднина науката многу ќе придонесе со нови сознанија. Откако вирусот ќе навлезе во организмот тоа е веќе инфекција, но не значи дека ќе имаме болест. Оваа инфекција понатаму може да се фати со серолошките тестови. За мене нејасно е зошто сега се оди само со ПЦР технологија. Во препораките кога беше Сарс вирусот во 2002 препорачани беа серолошки тестови, со кои ќе знаеме прецизно дали вирусот направил инфекција. Дали направил болест ќе гледаме по симптомите- вели д-р Марковски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот