СДСМ: Лани имавме странски инвестиции од 753 милиони евра

Фото: СДСМ
Економските политики на Владата предводена од СДСМ и премиерот Димитар Ковачевски и антикризните мерки вредни 760 милиони евра дадоа резултат, смета владејачкиот СДСМ.
„Успешно се справивме со последиците од глобалната економска и енергетска криза. Антикризните мерки го заштитија стандардот на граѓаните и им помогнаа кога беше најтешко.  Никој не беше оставен сам во време на криза. Ги покачуваме платите и пензиите за историски највисоко ниво од независноста до денеска,  а истовремено намалена и замрзната е цената на основните прехранбени продукти. Дополнително, 2022, годината на најголема економска криза во Европа, ја завршивме со најголеми досега, рекордни 735,8 милиони евра странски директни инвестиции. Тоа, е само уште еден показател за успешноста на економските политики на СДСМ, но и доказ колку е важно членството во НАТО и почетокот на преговори со ЕУ кои гарантираат економска и општествена стабилност на државата“, велат од партијата и додаваат дека странските директни инвестиции освен што креираат нови работни места, придонесуваат за зголемување на производството, на извозот и раст на платите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот