СДСМ бара одговор: Арсовска не одговара дали таа е градоначалникот кој комуницирал со Груевски
Откако поранешниот премиер Никола Груевски кој е во бегство во Унгарија објави дека редовно комуницира со градоначалниците од ВМРО – ДПМНЕ, од СДСМ прашуваат дали тоа Груевски контактира и со градоначалничката на Скопје Данела Арсовска.
-Данела Арсовска цел ден не одговора дали таа е градоначалникот кој комуницирал со Никола Груевски. Данела е иста како Христијан Мицкоски, таа молчи за Груевски. Осудениот криминалец во бегство Никола Груевски самиот објави дека е во редовна комуникација со градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, стои во соопштението од Центарот за комуникации на СДСМ.
Според партијата „очигледно е дека оваа партија и натаму е контролирана од Будимпешта, очигледно е дека дури и градоначалници му реферираат на Груевски“.
-ВМРО-ДПМНЕ е партија која не се менува, неработењето и трошењето пари на партиски вработувања од страна на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ е доказ дека оваа партија нема намера да се помести од режимската матрица, реагираат од СДСМ.