Саниран дефектот на водоводната цевка пред МНР

Фото: Фејсбук/Петре Шилегов

Екипите на ЈП „Водовод и канализација“ во раните утрински часови успеале да го санираат дефектот на водоводната мрежа во близина на МНР. Имено дефектот настанал поради оштетување на водоводна цевка на  булеварот „Филип Втори Македонски“. Поради поголемото количество на вода откако бил лоциран дефектот, истата била испумпана, а потоа цевката била санирана со што била спречена можноста жителите кои што живеат во непосредна бллизина на дефектот да останат без вода за пиење.

-Причината за дефектот е пукната цевка. Во однос на профилот на цевката, првичната проценка беше дека дефектот е на цевка со профил од ф300, но со започнување на работните активности се потврдува дека станува збор за профил на цевка од ф150. Со дефектот не е предизвикан прекин на водоснабдувањето, освен во еден објект, односно Министерство за политички систем, кое во тој момент не работеше. Работните активности се изведуваа во текот на ноќта  и истите завршија во 5 часот и 30 минути утрово – информираат од ЈП „Водовод и канализација“.

Сепак, најверојатно поради поголемите количества на вода, асфалтот на  булеварот „Филип Втори Македонски“ распука. Од ЈП „Водовод и канализација“ велат дека откако нивните екипи ја санирале цевката,  поправката на улицата продолжува од страна екипите на  ЈП „Улици и патишта“.

Фото: Фејсбук/Петре Шилегов

За дефектот на водоводната мрежа, на социјалните мрежи алармираше и Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов кој додека се изведуваа актовностите за санација на дефектот ги предупреди граѓаните да бидат внимателни.

–  На лице место сме и интервенираме, за да избегнеме поголема хаварија на коловозот. Ве молам за внимание !!! – напиша Шилегов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот