Санчез нема да се врати во Манчестер јунајтед!?

twitter.com/zayediqbal0

Чилеанскиот напаѓач го облече дресот на Манчестер јунајтед на почетокот од 2018 година, но досега не успеа на вистински начин да ги покаже квалитетите..

Првите луѓе на клубот од „Олд Трафорд“ бараат од Интер да го задржи Алексис Санчез како позајмица и следната сезона, информира „Скај Италија“. „Неро-аѕурите“ би го задржале чилеанскиот интернационалец уште една сезона, но е далеку од тоа да го задржи трајно.

Напаѓачот го облече дресот на Манчестер јунајтед на почетокот од 2018 година, но досега не успеа на вистински начин да ги покаже квалитетите како што тоа го правеше со Арсенал.

Во летото 2019 година, тренерот Антонио Конте го донесе Санчез во Интер, но реализираше само еден гол на 16 натпревари.

После паузата поради пандемијата на коронавирус денеска Јунајтед ќе го има првиот меч во Премиер лигата, во рамките од 30. коло гостува во дербито кај Тотенхем во Лондон (21.15 часот).

Менаџерот Оле Гунар Солскјер истакна дека за овој меч нема да може да смета на Фил Џонс и Аксел Туанзебе, па како опции за дефанзивата се Ерик Баи, Виктор Линделоф и Хари Мегваер.

Исто така добра вест за норвешкиот стратег е закрепнувањето на Пол Погба и Маркус Решфорд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот