Самоизолација на европратеници кои посетиле региони зафатени со Ковид-19

Тој додаде дека вработените треба да најдат начин да работат од дома.

На вработените во Европскиот парламент им било речено да останат дома ако патувале во италијанските области каде што е пријавено дека има луѓе заразени со новиот коронавирус, јави сајтот Политико, кој имал пристап до електронската пошта испратена до персоналот на ЕП.

Генералниот директор на персоналот на ЕП, Кристијан Кнудсен, им порача на вработените да останат дома во „самоизолација” доколку патувале во Ломбардија, Пиемонт, Емилија-Ромања или Венето во текот на изминатите 14 дена, но и во Кина, Сингапур и Јужна Кореја.

Тој додаде дека вработените треба да најдат начин да работат од дома.

Персоналот се советува да мери температура двапати на ден, а доколку немаат симптоми по две недели, вработените треба да се вратат на работа откако ќе добијат одобрение од нивниот лекар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот