Само фасада е подобрувањето на условите во затворите

Фото: Драган Митрески/ Слободен печат

Надзорот слушнал сведочења за физичко малтретирање на осомничените од полициски службеници и инспектори „со шлаканици, удари, клоци и удари со палки или други предмети, вклучително и рачни уреди за електрошок и токи-воки“ заради извлекување признание.

И покрај малите подобрувања, како што е реновирање на едното крило на истражниот оддел на Затворот „Скопје“ и затворањето на три проблематични крила во „Идризово“, Комитетот на Советот на Европа за спречување тортура и нехуман или понижувачки третман или казна (КПТ), во најновиот извештај објавен во Стразбур, констатира дека сè уште има проблеми во затворите, јави дописникот на МИА.

КПТ врз основа на посетата во декември 2020 година констатира нехигиенски услови за притвор во т.н. единица „амбуланта“, во крилата со затворен режим во „Идризово“ и во нереновираните крила на затворот „Скопје“ во Шуто Оризари. Извештајот критикува што во затворот во Шутка затворениците се „затворени во своите ќелии 23 часа на ден без ништо да прават и им се одбиваат контакти со нивните деца“. Се забележува и на неквалитетна здравствена заштита и нужноста од „стратешки пристап“ на тоа поле, нетранспарентност во управувањето со затворите и назначување раководни лица во затворот врз основа на политичка припадност. Надзорот на КПТ слушнал сведочења за физичко малтретирање на осомничените од полициски службеници и инспектори „со шлаканици, удари, клоци и удари со палки или други предмети, вклучително и рачни уреди за електрошок и токи-воки“ заради извлекување признание.

КПТ ги повикува властите да воспостават јасна хиерархија помеѓу управата на затворот и директорите на затворите, повеќегодишна програма за активности и обука на вработените во затворот, борба против корупцијата на персоналот итн.

Комисијата известува и за мало зголемување на персоналот во „Идризово“, подобри плати и работни права за вработените во затворот и поредовни безбедносни проверки и контроли на затворските службеници што влегуваат во затворските установи. Се повикуваат властите пораката за нула-толеранција за лошо постапување со притворените лица да стигне до службените лица за спроведување на законот на сите нивоа.

Нужно е и зајакнување на способностите за истражување на специјализираниот тим на обвинители со регрутирање независни истражители, како подобра примена на основните заштитни мерки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот