Само 100 луѓе заработуваат од тенис, тешко е и многу страшно!

фото: твитер

Нејзината приказна одлично ги отсликува проблемите на „малиот човек“ во спортот кој на најдобрите им донесува милиони долари.

Грузијката Софија Шапатава (31), моментно е 375 тенисерка на светот, а нејзиниот најдобар ранкинг го имаше во летото 2014 година кога беше 186 на ВТА листата.

Нејзината приказна одлично ги отсликува проблемите на „малиот човек“ во спортот кој на најдобрите им донесува милиони долари.

Останатите тенисери во машка и женска конкуренција и пред пандемијата на коронавирусот заработуваа(т) колку да го одржат буџетот за патувања на следните турнири, а понекогаш и сместување.

Во првите три месеци од 2020 година заработи 2900 долари од наградните фондови, моментно сега се наоѓа во дома со своите родители во Тбилиси, Грузија.

Прекинувањето на сите спортски натпреварувања ги запре и приходите затоа што тенисерите не уживаат во обврзани договори со своите клубови како на пример фудбалерите или кошаркарите и зависат исклучиво од она што ќе го освојат на турнири, кои сега недостасуваат и се влошува уште повеќе финансиската ситуација.

Професионалниот тенис поради пандемијата не се очекува да се врати барем до 7 јуни, барем според првите најави.

Братучед на мајка ми почина од коронавирус. Многу е депресивно, го познавав уште како дете. Знам многу италијански натпреварувачи кои се дома подолго од мене и мислам дека е тешко и за нив. Тажно е и чудно, како во книгите за научна фантастика. Сите сме прилично депресивни – рече Грузијката, која поради финансиски тешкотии, покрена петиција на интернет од ИТФ за финансиска помош за тенисерите кои веќе не можат да плаќаат сметки.

Петицијата досега ја потпишаа повеќе од 2000 луѓе.

Тешко е и многу страшно – додаде Шапатава, која од спонзорите добива облека и рекети, но никакви пари.

– Разговарав со многу тенисери и некои од нив не знаат како ќе ја платат киријата овој месец. Не барам ништо со петицијата, тоа е само начин да го слушнат нашиот глас, да го привлечеме вниманието на ИТФ. Плаќаме казни за сè кога ќе направиме нешто на теренот или кога предоцна ќе го откажеме настап, тие на некој начин се наши сопственици – објасни тенисерката, па продолжи:

Постои огромна разлика помеѓу најдобрите 50 тенисери и тенисерки во однос на другите. Но, тоа е 100 луѓе, а има повеќе од 3000 луѓе на листите на АТП и ВТА. Доколку 50% од нив би морале да се откажат од тенисот заради ова, мислам дека тенисот нема да преживее. Разбирам дека многу билети се продаваат на големите турнири, но има и помали турнири кои исто така продаваат многу, со преноси и резултати во живо, тука се и судиите,  линиските судии, жените кои напредуваат, организиторите на турнири. Тоа исто така собира повеќе пари за федерациите и организациите.

Врвните играчи се одлични за промовирање на тенисот, но и останатите 96,5% од нас се важни, ние го градиме тој спорт и мора да постоиме за тој да преживеесе зборовите на грузиската тенисерка во интервјуто за „CNN“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот