Салата „Македонија“ повторно се наполни – пратениците се вратија во собраниските клупи

Фото: mia.mk

Пратениците седнаа во старите собраниски клупи во собраниската сала 1 „Македонија“. Тука за првпат по речиси една година ја одржуваат 43. собраниска седница со околу 55 точки на дневниот ред. Поради коронавирусот овој собраниски состав кој беше избран на 15 јули конститутивната седница ја одржа во салата со куполи на последниот кат во собраниската зграда за да обезбеди физичка дистанца меѓу присутните, согласно со мерките за заштита од коронавирусот.

Според потпретседателот на Собранието Горан Мисовски враќањето во старата сала е вовед во нормализација на состојбата со пандемијата предизвикана од ковид-19 .

-Се функционира беспрекорно, службите се подготвени и седниците можат да течат во најдобар ред. Седниците ќе се одржуваат согласно одобрениот Протокол за одржување пленарни седници. Комисијата за заразни болести неодамна го одобри враќањето на пратениците во старата сала, а наша должност е да го почитуваме, вели Мисовски за Слободен печат.

Според здравствените протоколи собраниските седници ќе можат 17 претставници на медиумите да ги следат од галеријата. За да се почитува дозволеното растојание означени се седишта. Но поради немање на анти-ковиден сертификат денеска собраниската седница ја следат само 4 медиумски работници.

Согласно протоколот, за време на целокупното престојување и движење во Собранието, задолжително е носење на заштитна опрема.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот