Сакраменто прокоцка 19 поени, Лејкерси силни и без Леброн (ВИДЕО)

твитер

Оклахома сити тандер ја оствари петтата победа по ред откако пред своите гледачи го совладаа Сакраменто со 112:108.

Со оваа победа, Оклахома дојде до петата позиција во Западната конференција со скор 37:22, додека Сакраменто ја прекина низата од три победи по ред и се наоѓаат на 12. место во Западот со 24 победи и 34 порази.

„Кралевите“ можат да жалат за пропуштената шанса, бидејќи на полувремето имаа 11 поени предност, а во 29. минута таа разлика се искачи на 19 поени (59:78) но и тоа не беше доволно за конечен триумф.

Во последните седум минути од третиот дел, кошаркарите на Сакраменто постигнаа само четири поени, додека Оклахома даде дури 22 поени по што не им претставуваше проблем во одлучувачката четвртина да дојдат до победата.

Данило Галинари со 24 поени беше најпрецизен, Шеј Гилџес Александер додаде 20 поени, додека на спротивната страна Харисон Барнс даде 21 поен, Немања Бјелица постигна 18 поени.

Најдобриот тим во Западната конференција, ЛА Лејкерс и без помошта на Леброн Џејмс релативно лесно со 116:86 го совлада Голден Стејт.


Одлучувачки момент за победата беше третата четвртина која „езерцата“ ја добија со 40:17 и ги разрешија сите дилеми околу победникот. Ентони Дејвис беше најефикасен со 23 поени, а Кајл Кузма додаде 18 поени.

Индијана против Портланд дојде до четвртата победа во последните пет натпревари. Индијана славеше со 106:100, а најрасположен за игра беше Домантас Сабонис со 20 поени и 11 скокови, а Малколм Брогдон додаде 17 поени. Кај Портланд, Си Џеј Меколум со 28 поени беше најпрецизен.

Резултати:
Филаделфија – Њујорк 115:106
Индијана – Портланд 106:100
Оклахома сити – Сакраменто 112:108
Голден Стејт – ЛА Лејкерс 86:116

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот